Нови средби во Софија: „ЕУ треба да преземе стратешко лидерство кон регионот“

од Берта Китинска
203 прегледи

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, утре ќе ја посети Македонија.

Вархеји во Скопје ќе допатува од Софија каде што ќе има средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска.

Во Софија тој денеска ќе учествува на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“.

– ЕУ треба да преземе стратешко лидерство кон регионот, заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа, порача шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи од Берлин, кадешто имаше повеќе средби во германскот Бундестаг околу македонското европско досие.

Османи викендот во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, при тоа ЕУ да биде гарант, оцени дека португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграцијата на С Македонија.

-Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Северна Македонија, па на регионот, вели.