Нови тарифни блокови за струја – ќе важат за време на скапата тарифа

од Берта Китинска
453 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти четирите тарифни блока за пресметка на електричната енергија за домаќинствата, а веќе в среда се очекува да се знаат и цените на блок-тарифите. Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа.

Првиот блок е за домаќинства кои трошат малку, од нула до 210 киловат часови месечно. Вториот блок е од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 потрошени киловат часови. Последниот четврт блок за тарифирање се домаќинства кои трошат над 1.050 киловати.

-Тарифните блокови претставуваат еден вид концепт како што беше персоналниот данок, кој има поголеми приходи да плаќа повеќе. Блоковите ќе важат исклучиво за време на важење на скапата тарифа, од 7 до 22. Евтината тарифа продолжува како што беше досега до 22 до 7 и цел ден недела и потрошувачката кај евтината тарифа нема да биде тарифирана врз основа на блокови, за евтина тарифа нема да важат блоковите, нагласи Бислимоски.

Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.

АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.

Слични содржини