Нови тешки обвинувања: Нејмар спонзорирал криминална група која се занимава со трговија со жени?

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Проблемите на Нејмар со властите се далеку од завршени. Според информации на „Fofocalizando“, емисија која оди на бразилскиот ТВ канал „SBT“, напаѓачот на Пари Сен Жермен е обвинет за спонзорирање на криминална група која се занимава со трговија со бразилски жени заради проституција.

Обвинението доаѓа од озлогласената Нажила Триндаде, бразилска манекенка која лани се пожали дека играчот ја силувал во хотел во Париз. Нејзините адвокати сега ги подготвуваат потребните информации што треба да бидат доставени до обвинителството во Бразил.

Минатото лето Триндаде тврдеше дека била сексуално злоставувана од Нејмар, но нејзиниот случај падна на суд. Бразилскиот репрезентативец не негираше дека имал секс со неа, но според неговите зборови, тој бил по взаемна согласност.

Како доказ, тој ги дистрибуираше нејзините голи фотографии дека претходно ги испратила за да го заведе. Против Нејмар, исто така, има дело за распространување на предметните фотографии.

Слични содржини