292
Министерството за одбрана на Белорусија денеска соопшти дека на обуката со инструкторите на групата „Вагнер“ се приклучиле и инженерски и комуникациски единици, како и војници од радијациона, хемиска и биолошка заштита.
„Единиците и подединиците на вооружените сили на Република Белорусија продолжуваат со изведување заеднички вежби со инструкторите на четата Вагнер. Не само единиците на силите за специјални операции и механизираните единици, туку и единиците и подединиците на инженерските трупи, трупите за радијација, хемиска и биолошка заштита, започнаа заедничка обука“, објави министерството за одбрана.
Посебно внимание во организацијата на обуката е посветено, како што се наведува, на „обезбедување опстанок на војниците во борбите“.