Нови цени на горивата од полноќ

од Берта Китинска
227 прегледи

Денеска напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголеми за половина денар и еден литар 95-октански бензин чини 63.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголеми за еден денар и еден литар 95-октански бензин чини 61.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголеми за еден денар, па еден литар дизел гориво чини 53.50 денари.

Какви ќе бидат ново-утврдените цени е непознато, но на светските берзи нафтата од типот брент според која се утврдуваат цените на горивата во Македонија, се зголеми за два долари од околу 41 долар за барел на 13-ти јули на околу 43 долари за барел заклучно со вчерашниот ден.

Слични содржини