Исчезнувањето на брод со 20 патници во областа на Бермудскиот триаголник ја разбуди фантазијата на оние кои по толку многу поморски и воздушни несреќи се убедени дека нешто мистериозно ги предизвикува исчезнувањата во регионот помеѓу Мајами, Порто Рико и Бермудите.
Бродот има два надворешни мотори со моќност од 250 коњски сили, а пловел на почетокот на јануари од Бимини (50 милји од Флорида) до езерото Ворт, но никогаш не пристигна таму.
Американската крајбрежна стража, се разбира, започна опсежно пребарување со вклучување авиони и бродови, што не даде никакви резултати.
Во 84 часа беше пребарано подрачјето на површина од 17.000 квадратни километри, по што крајбрежната стража официјално објави дека го прекинува пребарувањето бидејќи не се пронајдени ниту патници, ниту остатоци од бродот. Поради големиот број патници на бродот, постои сомневање за трговија со луѓе.