Новинар на „Алфа“ го спореди владиниот пи-ар со тој на Северна Кореја: „Да беше таму, немаше да можеш да поставиш ниту прашање“

од Nikola Popovski
190 прегледи

Премиерот на Владата, Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција во Владата одговараше на новинарски прашања, при што беше запрашан од новинар од ТВ „Алфа“ кој го прави „пи-арот за замрзнување на цените на производите“.

-Мислам дека и првиот човек на Северна Кореја се сликаше со одредени производи. Но колку што знаеме вие сте премиер на Северна Македонија, рече новинарот Борис Грујоски.

Ковачевски на тоа одговори:

-Воопшто не ви е на место прашањето дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои што се замрзнати со одлука. Нема да одговорам на вашата констатација бидејќи да сте во Северна Кореја вие нема да можете ниту прашање да поставите, рече премиерот.