Новинар на „Спортклуб“: Ако сме правна и сериозна држава, Ѓоковиќ треба да биде казнет

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Новинарот на Спортклуб, Небојша Вишковиќ, гостувајќи во емисија јавно побара од државата Србија да го казни Новак Ѓоковиќ.

Водителот на емисијата го праша дали треба да биде санкциониран најдобриот тенисер на светот, а тој одговори вака:

– Мислам дека треба. Ако Новак, знаејќи дека е заразен, бил меѓу луѓе, тоа е неодговорно. Треба да се покрене некаков ковид-протокол, а за тоа има последици. Тоа би било голема работа и за Србија, бидејќи ако сите овде велат дека сме правна и сериозна држава, тогаш законот треба да биде ист за сите, па и за Новак Ѓоковиќ – рече Вишковиќ.

Слични содржини