Новинарите, медиумите и медиумските работници се опфатени со четвртиот сет на мерки

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека новинарите, медиумите и медиумските работници се опфатени со четвртиот сет мерки за справување со економските последици од кризата со коронавирусот.

Посочи и дека има планови во соработка со експерти од европската делегација во земјава да се направат пакети за финансиска одржливост на медиумите и по завршување на пандемијата.

– Новинарите, медиумите и медиумските работници се опфатени со четвртиот сет на мерки, со тоа што сега може да аплицираат и за бруто минимални плати, не само 14.500 туку до 21.770 денари. Во претходните пакети ги ослободивме од обврската за плаќање на лиценците кои ги вадат секоја година, директно преку АЕК помогнавме за одредени права на медиумите и продолжуваме и натаму. Верувам дека во скоро време ќе биде даден предлог од МИОА за укинување на членот 102, односно негова промена за да може да ги помогнеме медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија, општини и слично, во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните одлуки како што се седниците на управни одбори, на совети итн, изјави Заев.

Слични содржини