Новинарка на Би-би-си ги подгрева теориите на заговор за британската принцеза: „Личи на Кејт, но не е таа“

Соња Меклафлан ја повтори оваа теорија, сугерирајќи дека жената видена како пазарува покрај принцот Вилијам не е негова сопруга, туку двојничка

од Бети Божиноска
542 прегледи

Спортската репортерка на Би-би-си, Соња Меклафлан, долеа масло на теориите на заговор за принцезата Кејт Мидлтон, коментирајќи ја фотографијата што ја објави британски „Сан“ од принцезата со нејзиниот сопруг Хари, пренесува „Телеграф“.

Меклафлан ја коментираше најновата фотографија на британската принцеза, велејќи дека на неа се гледа некој кој „изгледа како Кејт“.

Таа ја повтори оваа теорија, сугерирајќи дека жената видена како пазари покрај принцот Вилијам не е неговата сопруга, туку нејзина двојничка, а сугерираше и дека принцот Вилијам можел да биде заменет со актер.

Коментирајќи го видеото во кое се споредува личноста од најновите снимки со претходните фотографии од принцезата, Меклафлан напиша: „Ова очигледно не е Кејт“. Таа додаде дека, иако некои медиуми пишуваат дека тоа е вистинската Кејт, тоа всушност не е таа и дека нема простор за теории на заговор, но дека „се е многу чудно“.

Во серија објави на „X“, американски претприемач Кристофер Буси рече дека принцезата изгледа „значително поинаку“ од фотографијата објавена од папараците, тврдејќи дека изгледа „помлада, послаба, повисока и побрза“.

Тој се прашува дали, како што се вели, Кејт успешно закрепнува и наскоро ќе продолжи со кралските обврски, зошто се уште не се вратила да ги исполнува.

Слични содржини