
Новинарката на Си-Ен-Ен, Бруна Маседо била нападната во Бразил додека известувала за поплавите во Сао Паоло, а на неа и пришол маж со нож.
Напаѓачот барал два мобилни телефони од новинарката, која се приклучувала на програмата во живо, пренесува „Хил“.
Бруна Маседо известуваше за Си-Ен-Ен Бразил за високиот степен на вода како резултат на обилните дождови кога маж влезе во кадарот.
Долго време, мажот се наоѓаше до неа додека разговараше со презентерот во студиото Рафаел Коломбо.
„Таа беше многу исплашена, но таа е добро“, рече Коломбо, водител на шоуто во кое се вклучуваше Маседо.
Коломбо изјавил дека не е можно веднаш да се разбере што се случува и дека разбрале кога го „скратиле“ видеото.
Тој објасни дека на почетокот се чинело дека напаѓачот е бездомник кој сакал да помине.
„Таа подоцна во редакцијата ни рече дека ги побарал нејзините телефони“, рече Коломбо.
Си-Ен-Ен Бразил започна со емитување на 15 март.
https://www.youtube.com/watch?v=jZDfU86q8iw&feature=emb_title