Во конкретниот случај, обвинетиот бил осуден на три месеци затвор за закана и уцена кон малолетно лице.
Според образложението на пресудата, наведувањето на името на судијата било оценето како повреда на неговата чест и професионален углед. Одлуката е донесена по предлог на Основното јавно обвинителство Тетово, иако и новинарката и судијата се од Тетово, а постапката се водела пред судот во Гостивар.
Вејсели, од своја страна, истакнува дека известувала во согласност со новинарската етика и професионалните стандарди, нагласувајќи дека нејзината цел била навремено и точно информирање на јавноста за прашање од висок јавен интерес.
Случајот предизвика реакции и кај Здружението на новинарите на Македонија, од каде изразија сериозна загриженост и оценија дека ваквата првостепена пресуда испраќа негативна порака за слободата на изразување и за работата на медиумите во земјата.
Реакции следуваа и од пошироката јавност, како и од јавни личности и политички кругови. Меѓу оние кои јавно се огласија е и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој го коментираше случајот.