Новинарка се соочи со Талибанците на конференција: Го постави најважното прашањето за Авганистанките

од Stefanija Kuzmanovska
956 прегледи

На првата официјална прес -конференција на Талибанците откако ја презедоа власта во Кабул имаше само една новинарка, а нејзиното храбро прашање до групата вооружени мажи го шокираше светот.

Шарлот Белис, новинарка на „Ал Џезира“, по потекло од Нов Зеланд, во вторникот седеше пред Талибанците, а нејзиното бело лице и руса коса наѕираа под нејзината покриена коса.

Искусната Шарлот беше единствената жена новинарка на која ѝ беше дозволено да присуствува на првата официјална конференција на Талибанците. И таа не сакаше да ја пропушти шансата.

Во видеото од напнатиот настан, Шарлот изгледаше мирна додека се претставуваше пред новите владетели на Авганистан и постави многу храбро прашање, пренесува „Дејли Меил“.

– Сакам да разговарам со вас за правата на жените и девојчињата, за тоа дали на жените ќе им биде дозволено да работат, а на девојчињата ќе им биде дозволено да одат на училиште. Какви гаранции можете да им дадете на жените и девојките дека нивните права ќе бидат заштитени? – праша Белис.

Забиула Мијахид, портпарол на Талибанците, ја уверувал новинарката дека Исламскиот емират ќе им ги даде на жените нивните права во согласност со шеријатскиот закон.

„Ние им ги гарантираме сите права во согласност со исламот“, рече тој.

Шарлот го постави прашањето за кое се прашуваат илјадници исплашени Авганистанки откако Талибанците ја презедоа контролата врз нивните животи и домови.

Присуството на новинарката на конференцијата може да се сфати како трошка надеж за жените во земјата, како и фактот дека можеби не е исто како и за време на претходното владеење на Талибанците.

Меѓутоа, најновите акции на Талибанците велат дека тие не се промениле многу кога станува збор за жените, откако се појавија информации дека тие стрелале во една затоа што не носела бурка.

Слични содржини