Новинарка суспендирана поради контроверзна објава за Коби (фото)

од Nikola Popovski

Трагичната вест за смртта на Коби Брајант ја шокираше целата јавност. Заедно со Брајант настрада неговата ќерка и уште седум други лица.

Многу познати личности му оддаваа почит на Брајант. Во морето емотивни пораки се најдоа и некои пораки кои се обидуваа да наштетат на неговото лик и дело.

Новинарка на „Вашингтон пост“ е суспендирана од страна на нејзината компанија откако вчера, на еден час по смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант, сподели текст од 2016 година во кој се зборува за случај од 2003 година кога кошаркарот беше обвинет за силување, пренесува српски „Курир“.

Фелисија Сонмез со неколку објави на Твитер сакаше да ги потсети своите следачи за случајот кој е стар 17 години, а потоа објави и дека добивала смртни закани.

Дека погреши покажува и постапката на нејзиниот медиум кој ја суспендираше на неопределено време и постои голема можност да остане без работа.

-Ги молам оние 10.000 луѓе (буквално толку) кои ми пишаа мејлови и ми испратија закани да го прочитаат текстот кој го споделив. Тоа што луѓето реагираат вака, зборува за тоа дека биле под притисок да молчат за тоа. Сите познати личности треба да се следат во сите апсекти на нивното делување – напиша Сонмез.

За потсетување, Коби Брајант беше обвинет за силување на 19-годишна девојка во 2003 година, во еден хотел во Колорадо.

Слични содржини