651
На синоќешниот меч помеѓу Северна Македонија и Грузија, несомнено остана запаметен говорот на новинарот на МРТВ, кој го коментираше натпреварот, Тони Стојановски.
Истиот коментар како што посочивме порано денес, беше проследен со бурни реакции кај македонската јавност, но она што е исто така интересно е што не остана незабележан ниту во регионот.
Имено, Хрватски медиуми беа воодушевени од завршниот говор на нашиот коментатор, па еве како Тони Стојановски успеа да се најде на насловните страни ширум регионот, конкретно ја имаме фотографијата од хрватскиот портал „24 сата“.