Новиот албум на американскиот рапер Кендрик Ламар се истакна како најуспешно деби во САД од почетокот на годината.
“DAMN”, во кој учество земаат Ријана и U2, е продаден во 603 000 копии само во првата недела по пуштањето на 14 април, што е повеќе од вкупната продажба на секој друг албум, пуштен од почетокот на годината. Тој, исто така дебитираше на прво место во престижната листа за музика на “Билборд”.
Ова е прв проект на Ламар по успешниот претходен албум “To Pimp a Butterfly” од 2015 година, кој брзо ја стекна славата на хип-хоп класика со својата комбинација од џез и текстови кои се однесуваат на животот на афроамериканците во САД.
И додека “DAMN.” исто така доживува слични позитивни критики, тој се обложува на повеќе класичен рап стил, дури и во заедничките парчиња со Ријана и U2.
Ламар симна до врвот со албумот на раперот Дрејк “More Life”, кој досега беше со најпродаваното деби од почетокот на годината. Сепак канадскиот изведувач го држи рекордот за најуспешен дебитант на албум за својот “Views” од 2016 година.