Новиот буџет скроен да одговори на сите предизвици од коронакризата

од Берта Китинска
291 прегледи

Вчеравечер половина час пред полноќ во Собранието беше изгласан Буџетот за 2021 година. Мнозинството успеа да се обезбеди во салата во време на гласањето присуствуваат сите 62 пратеници што го сочинуваат откако претходно седницата ја напуштија опозициските пратеници.

Во буџетот за догодина буџетските приходи со предлогот се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година.

Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Буџетот за 2021 година е развоен, скроен да одговори на сите предизвици од коронакризата, но и да обезбеди реализација на капитални инвестиции и економска стабилност, рече пратеничката на СДСМ Даниела Марковска, на денешниот петти и последен ден од пленарната расправа за буџетот.

„Владата , во периодот од 2021 -2025 година, ќе се фокусира на имплементација на капитални проекти  во износ од 3, 1 милијарди средства. Од буџетски средства ќе се издвојат околу 1, 16 милијарди евра, донација преку ИПА фондовите од 112,8 милиони евра и средства од меѓународни билатрални кредити во износ од 1,84 милијарди евра“, рече Марковска.

Сепак, Димитар Апасиев, лидерот на Левица напиша сионќа на фејсбук дека за буџетот гласал и новоизбраниот градоначаник на Штип што според него не е уставно.

Слични содржини