Новиот бугарски премиер, Кирил Петков, сигнализираше дека Софија ќе престане да ја попречува кандидатурата на Северна Македонија за влез во Европската унија. Во интервју за Фајненшл тајмс пред парламентот да ја одобри неговата кандидатура во понеделникот, тој ја потврди посветеноста на Бугарија кон НАТО и Западот. „Ние сме 100% на вистинската страна на политиките на НАТО и ЕУ“, рече тој.
„Ќе предложиме нов процес со Северна Македонија, многу брз, со ограничена временска рамка не повеќе од шест месеци“, рече тој.
Владата на Петков денеска ја одржува првата седница , а Петков рече дека позицијата на Бугарија кон Македонија останува базирана на Договорот од 2017 и најави дека истата ќе ја надргади со формираше на нови работни групи, кои ќе се состануваат секој месец.
Пресвртот доаѓа откако Бугарија стави вето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ минатата година поради спорови околу историјата и идентитетот, пишува весникот. Критичарите потоа го обвинија поранешниот премиер Бојко Борисов дека прибегнува кон национализам за да го сврти вниманието од повеќемесечните протести против организираниот криминал и корупцијата под негово владеење.