Новиот филм на Пиксар забранет во неколку земји поради една реченица

од Elena Daskalova
298 прегледи

Најновото остварување на Пиксар, филмот „Onward“ е забранет во четири земји, односно во Кувајт, Оман, Катар и Саудиска Арабија, каде нема да биде прикажуван.

Полицајката Спектер е првиот лик на Пиксар и Дизни кој отворено зборува за својата хомосексуалност. Една од нејзините изјави во фимот е и дека „Не е лесно да си родител, коса корнам поради ќерката на девојка ми“.

Токму овие зборови биле причината филмот да биде забранет за прикажување во четирите земји. Русија воведе поинаква цензура, па наместо зборот „девојка“ го замени со „партнер“.

Филмот сепак нема да биде забранет во држави како Бахреин, Либан и Египет.

Слични содржини