Претстојниот филм „Спенсер“ за животот на покојната британска принцеза Дајана, за кој многу се зборува во последно време, нема да им се допадне на членовите на кралското семејство. Барем така тврди експертот за биографија Роберт Џобсон, кој многу добро ја познаваше принцезата Дајана и затоа сега вели дека незадоволството на дворот е едноставно неизбежно.
Филмот е во режија на Пабло Лареинан и авторот Стивен Најт, со Кристин Стјуарт во главната улога, ќе се фокусира на контроверзниот викенд во Сандрингем, кога наводно Дајана донела една од клучните одлуки за нејзиниот брак, а покрај Кристин во филмот ќе играат и Тимоти Спел, Сали Хокинс и Шон Харис.
„Ја познавав лично и затоа тврдам дека на членовите на кралското семејство нема воопшто да им се допадне тој филм. Но, мислам дека најважно е толкувањето на актерката и колку таа може добро да ја игра таа улога. Ќе мора да почекаме и да видиме “, изјави Џобсон за US Weekly, додавајќи дека во филмот ќе биде прикажана целата вистина.
Уште во јуни минатата година беше откриено дека 30-годишната sвезда на „Самрак сагата“ ќе ја отелотвори принцезата Дајана во филм што ќе покаже што се случило за време на еден викенд во раните 90-ти, кога таа сфатила дека нејзиниот брак со принцот Чарлс нема да функционира.
Филмот „Спенсер“ треба да ја има својата премиера оваа есен, но точниот датум сè уште не е објавен.