Многу очекуваниот филм „Blonde“ заснован на романот на Џојс Керол Оутс за животот на Мерлин Монро ќе биде објавен на Нетфликс на 23 септември, објави стриминг платформата.
Режисер на филмот е Ендрју Доминик, а продуцент е Бред Пит. Мерилин Монро, холивудската ѕвезда која почина на 36-годишна возраст во 1962 година и која сè уште ги фасцинира САД, 60 години подоцна, ја игра кубанско-шпанската актерка Ана де Армас.
Адриен Броди, исто така, се појавува во актерската екипа како драматургот Артур Милер, сопругот на Мерлин Монро.
Филмот ја доби ознаката 17+, што значи дека не е за деца под 17 години, поради сцени на експлицитно сексуално насилство.
Романизираната биографија го прикажува патот на Норма Џин Бејкер – што е вистинското име на Мерилин Монро – и отсликува жесток портрет на Америка во 50-тите и 60-тите години, особено Холивуд.