„Новиот концепт во образованието нема никаква поврзаност ниту со надворешната политика ниту со соседните прашања“

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Потребата на ВМРО-ДПМНЕ да ја поврзува надворешната политика со образованието е навистина трагична. Новиот концепт нема никаква поврзаност ниту со надворешната политика ниту со соседните прашања и јас одговорно стојам зад ова, изјави денеска во дебата на ТВ 24 министерката за образование, Мила Царовска.

Доколку тоа не беше така досега барем една од комисиите ќе побараа промена во содржините на учебниците. Такво нешто досега не се случи, вели Царовска.

– Наместо ВМРО-ДПМНЕ да прави празни муабети и да нагаѓа што би било кога би било може да ја отвори наставната програма за четврто во историја и општество и да види дали има Македонци, дали има македонска држава, дали има македонски јазик, дали ги има сите историски моменти коишто нашата држава треба да ги памети, посочува министерката.

Слични содржини