Мекларен го покажа својот автомобил за новата сезона, откако MSL33 доби различни бои, во однос на ланскиот модел.
Како што се очекуваше вториот најуспешен тим во Формула 1 се враќа на почетоците и болидот е главно во боја папаја, со одделни сини елементи на предното и задното крило, како и на врвот.
Секако најзначајните промени се очекува да бидат благодарение на моторот Рено и надежите се дека по неколку ужасни години со Хонда, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн ќе бидат барем во битката за подиумот.
„Гледајќи го новиот болид јас сум силно возбуден, но и малку немирен, бидејќи знам колку е важен овој автомобил за сите и се надевам дека тој ќе се претстави така, како што очекуваме. Ако успешно ги комбинираме силите на шасијата со моторот на Рено, тогаш дефинитивно ќе напредуваме“, рече Алонсо.
„Ние дефинитивно веруваме дека болидот за 2018-та година ќе не врати близу до челото и ќе се подобриме сериозно“, демонстрира оптимизам шефот Зак Браун.
Ерик Булие додаде: „Сите сме многу горди на завршената работа во секој поглед и резултатот е одличен“.