506
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, денеска изврши увид во градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош.
Со поддршката од ТАВ, до крајот на годината е предвидено да се реализира мост со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни.
За изведба на градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош се издвоени над шест милиони и 200 илјади евра, а со мостот ќе се овозможи меѓусебно поврзување на неколкуте општини, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.
Проектот го изведува ТАВ Конструкшн, а подизведувач е ГД „Гранит” АД Скопје.