Новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен идната недела

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.

-Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела, истакна министерот Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски потсети дека Владата одлучи да ја прошири листата на производи со „гарантирана цена“, како и оваа мерка да важи до крајот на годината, а не до 30 ноември како што првично беше најавено.

Слични содржини