Европската унија настојува да го зголеми опсегот на санкциите против Русија со цел да ги таргетира лицата кои се вмешани во наводното киднапирање на деца од Украина, соопшти вчера холандскиот премиер Марк Руте.
„Единаесеттиот пакет санкции на кој работиме вклучува опција да се таргетираат одговорните за киднапирање деца“, рече Руте на заедничката прес-конференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки.
Тој додаде дека новиот пакет санкции се фокусира и на механизмите за заобиколување на веќе постоечките санкции.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин во март, обвинувајќи го за воени злосторства и илегална депортација на стотици деца од Украина во Русија.
Москва постојано ги негираше овие обвинувања.