Новиот предводник на СДММ Михаилоски: Ние сме мотор кој ги придвижува младинските политики

337 прегледи

Во утринското гостувањет на Утрински Брифин, новиот претседател на Социјалдемократската младина, Марко Михаиловски, ги истакна своите очекувања од позицијата, како и предизвиците и плановите кои ги предвидува во следниот период.

„Имам план за вклучување на младите во општеството, ние се гледаме како мотор кој ги движи младинските политики напред. Мојата програма, за следните две години, почива на определбоите на партијата СДСМ, токму левичарските вредности зборуваат за правата на младиот човек. Како социјална држава се грижиме за социјално маргинализираните, се бориме против поделбата на младите, против говорот на омраза, ние активно учевствуваме во креирање на политиките на младите кои потоа се преточуваат во главната програма на СДСМ“, истакна Марко Михаилоски, новиот претседател на Социјалдемократската младина.

Тој потенцираше дека ќе се фокусира на идејата да отвори клубови за млади секаде кадешто СДСМ како партија има свои седишта.

„Мојата политичка амбиција е да придонесам за унапредување на животот на младите, низ таа призма ја гледам мојата кариера, јас ја водам СДММ, најсовремена и најмодерна партиска младина, тоа во моментов ми главно, сакам да се посветам овие две години да одиме ниво погоре од тоа што сме сега. Имаме 77 партиски седишта, а само 55 младински клубови, интенција е да отвориме во сите места по еден младински клуб, да ја промовираме младинската политика“, посочи Михаилоски.

Слични содржини