Новиот руски борбен авион МиГ-41 ќе врши и задачи во вселената

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Новиот борбен авион ловец -пресретнувач МиГ-41 од шестата генерација, засега е во развој и тој ќе го замени на Миг-31, а ќе може да ги извршува задачи и во вселената, раскажал за RT на Меѓународниот военотехнички форум “Армија-2017”
генералниот директор на корпорацијата Илија Тарасенко. Ова ќе биде совршено нов авион и тој е логичен развој на Миг-31, а не негово модернизирање.

Ловецот ќе поседува нови технологии, брзина и боен радиус, ќе добие електромагнетно оружје и ласери против напаѓаќчи проектили. Тој,исто така ќе може да лета во вселената, а во иднина ќе стане и беспилотно летало, истакнал Тарасенко.

Со други зборови Миг-41 е биде формиран на “бел лист”. Идејнипроектни активности за создавање на МиГ-41 се вршат од 2013 година во КБ “Микојан” и КБ на воздухопловството фабрика “Сокол” во Нижни Новгород.

Целиот стекнат материјал од истражувањето ќе биде реализиран во проек. Големо внимание се посветува на работата на ловци за борбените дејствија на Арктикот.

Новиот авион се планира да биде подготвен во средината на 2020-тите година, бидејќи во 2028 година истекува работниот ресурс на МиГ-31.

Суперсоничниот МиГ-31 развива брзина 3000 км / час и е наменет за пресретнување и уништување на воздушни цели деноноќно во едноставни и сложени метеоролошки услови.

Група од 4 такви летала може да контролира воздушен простор со должина од 1.100 км.