Новиот шеф на авганистанската дипломатија вети дека ќе ги спречи нападите

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи во новата авганистанска влада предводена од Талибанците денеска изјави дека остануваат посветени на тоа да не дозволат екстремистите да ја користат територијата за напад надруги земји.

На неговата прва прес-конференција откако Талибанците формираа привремена влада пред една недела, Молави Амир Кан Мутаки рече дека нема да даде временска рамка за тоа колку долго владата ќе биде на сила или дали ќе вклучува претставници на други фракции, малцинства или жени.

Запрашан за можното одржување на избори, тој побара од другите земји да не се мешаат во внатрешните работи на Авганистан.

Слични содржини