Човекот кој ја купи Алфа банка за 1,2 милиони евра, швајцарецот Анис Кан, денеска на прес конференција во Скопје порача дека е кредибилен инвеститор и дека влегува во македонскиот банкарски сектор со цел да пренесе дел од искуствата на швајцарските банки, информира Телма. Остро ги демантираше пишувањата на дел од медиумите дека зад фондот кој ја купи банката од грчките сопственици стојат анонимни лица, велејќи дека тој е единствениот сопственик на 100 отсто од капиталот на Алфа банка.
– Пред кризата од 2008 година можеше да се работи анонимно со фондовите, но денес мора да го ставите вашето име. Сертификатот за акциите е на ваше име и на регулаторот мора да му ги доставите сите потребни информации за да биде задоволен. Јас лично сум одобрен од девет централни банки со мојот друг приватен фонд, меѓу кои е и швајцарската. Значи, ние носиме кредибилитет во македонскиот банкарски сектор, изјави Кан.
Денеска и Гувернерот на НБРМ Димитар Богов изјави дека сосптвеникот е со висока кредибилност и со долго банкарско искуство, а во минатото имал 10 отсто од сопственоста во ИК Банка. И Богов и Кан тврдат дека цената по која е купена банката не е ниска.
Целиот текст можете да го прочитате тука