Менаџерот на Челси, Томас Тухел ќе може да потроши 200 милиони фунти на трансфери ова лето, објави „Телеграф“.
Конзорциумот, предводен од Тод Боли, косопственик на Лос Анџелес Доџерс, кој е исклучително блиску до официјалното купување на лондонскиот клуб, е подготвен да ја даде оваа сума за да го засили составот.
Приоритет на лондончани во текот на летниот преоден рок е засилување на одбраната по очекуваното заминување на Антонио Рудигер, Андреас Кристенсен и Цезар Аспиликуета.
Главните дефанзивци назначени од клубот се Жил Кунде од Севиља и Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг.
На списокот на „сините“ има вкупно осум имиња, меѓу кои Пау Торес од Виљареал и Хозе Хименез од Атлетико Мадрид.
Во случај на продажба на напаѓачот Тимо Вернер, како и играчите од средниот ред Хаким Зиеш или Кристијан Пулишиќ, „сините“ ќе се обидат да привлечат нивни заменици.