Новиот состав на Историската комисија се сретна со Муцунски

од Nikola Popovski
33 прегледи

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови  на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Според МНР, Муцунски во краткото обраќање пред членовитете на Комисијата истакнал дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности.

-Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, велат од ресорот преку соопштение.

Драги Ѓоргиев седум години го водеше македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија. Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега усвоија препораки за заедничко чествување на  Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.

Владата во септември на затворена владина седница како прашање од висок приоритет – го смени составот на Мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија, меѓу кого и Ѓорѓиев. Иако за смената се крена голема прашина и паднаа тешки зборови на сметка на претходниот состав и неговата работа, во неа нови се само четворица, вклучувајќи го и Ванчо Ѓорѓиев кој сега ќе ја води, откако во октомври 2021 година си даде оставка, наводно поради политички притисоци и напуштање на црвените линии за преговори што ги утврди Собранието на Македонија.

Заедничката комисија за историски и образовни прашања, пак, беше формирана според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што на 1 август 2017 година во Скопје го потпишаа тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов.

За разговори, Скопје ќе чека политичка влада кај источниот сосед, по изборите на 27-ми октомври.

Слични содржини