Новиот тренер на Милан ќе биде Португалец?

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Продолжува наддавањето кој ќе биде нов тренер на Милан по Стефано Пиоли, а последните информации говорат дека најверојатно тоа ќе биде Португалец.

Се споменуваа и Хулен Лопетеги и Роберто де Зерби, но раководството на седумкратниот европски шампион направи скратен список од тројца тренери. И сите тројца се Португалци.

Моментално прв фаворит е тренерот на Порто, Серхио Консеисао. Поранешниот играч за врска на многу клубови, вклучувајќи го и Интер, има договор со Порто до јуни 2028 година. Но, се очекува тој да го напушти „Драгао“ веќе ова лето.

Втор на листата е многу барана „стока“. Во прашање е тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, кој веќе преговарал со двајца премиерлигаши, Ливерпул и Вест Хем. Тој не се договори со „црвените“ со оглед на тоа што на крајот решија да го ангажираат Арне Слот, а не го стори тоа ниту со Вест Хем. И сега „росонерите“ се во игра.

На крајот, тука е тренерот на Лил, Паоло Фонсека, кој има искуство со работа во Серија „А“ во Рома.

Слични содржини