Новиот вид на коронавирус присутен во Германија од ноември

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија се чини дека е присутен во Германија од ноември, утврдиле лекарите со последователни проверки на примероци на постар пациент кој починал во меѓувреме, објави во понеделникот весникот Die Welt.

Експертите на Медицинскиот факултет во Хановер успеаја да ја потврдат варијантата Б1.1.7 на вирусот во примероците добиени од пациент кој имал коморбидитети, објави весникот, повикувајќи се на регионалниот министер за здравство на германската сојузна покраина Долна Саксонија.

Берлинската болница Charite ги потврди првите резултати, се додава во извештајот.

Се смета дека новиот вид на коронавирус,кој брзо се шири во Велика Британија, е позаразен, но првичните анализи покажуваат дека не предизвикува потешки симптоми отколку видовите кои циркулирале досега.

Германската држава Баден-Виртемберг минатата недела објави дека локалните власти го детектирале новиот вид кај едно лице кое пристигнало со авион од Велика Британија во Франкфурт на 20 декември.

Слични содржини