Новиот вид на коронавирусот почна да се шири во овие три европски земји

од Берта Китинска
195 прегледи

Новиот вид на коронавирус, кој се појави во југоисточна Англија, е пронајден во Данска, Холандија и Австралија, објави денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове.

„Нов вид корона се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму“, изјави Ван Керхове за Би-Би-Си, како што објави Си-Ен-Ен.

На прашањето дали новиот вид доаѓа од југо-исток на Англија, таа одговори потврдно: “Да. Според информациите, новиот вид потекнува или од југо-исток на Англија или од Лондон”.

Таа додаде дека Велика Британија идентификуваше нов вид на вирус „уште во септември, кој сè уште кружеше на југо-истокот на Англија“. Сепак, студиите се во тек и ќе ги видиме резултатите “, рече таа.

“Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста тој да се промени. Ние навистина мора да сториме сè за да го спречиме”, заклучи претставникот на СЗО.

Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека новиот вид на коронавирус е за 70% позаразен од претходните соеви.

Слични содржини