Новиот вид на Ковид 19 ги крена Британците на нозе: Џонсон свика итен состанок

381 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денес повика на разговор со сите министри по појавувањето на новиот коронавирус, со оглед на сериозноста од истиот, односно како што смета Џонсон позаразен од оваа форма на заразата во моментов.

Дел од мерките кои се очекува Велика Британија да ги донесе денес, се забрана за патување, особено во југоисточниот дел на Англија и Лондон.

Инаку, како што информираат од Владата на Британија, големиот број заразени се должи токму на појавата на овој нов вид коронавирус, па оттаму рестрикциите ќе бидат на едно повисоко ниво.