На принцот Хари му недостигаат пријателите од Велика Британија, а сега, повеќе од било кога, е активен во група на WhatsApp во која постојано и им праќа смешни фотографии и видеа од Канада, пишуваат британските медиуми.
Војводата од Сасекс се навикнува на својот нов дом во Северна Америка. Но, и покрај драмата, Хари сака да остане во контакт со долгогодишните пријатели во Англија.
„Се разбира дека му недостигаат пријателите, но тој е псотојано во контакт со нив. Постојано им праќа фотографии, а споделува и смешни видеа. Хари не мисли дека ќе го изгуби контактот со нив, само затоа што е на другата страна од светот, сепак тоа се луѓе кои се пријатели цел живот“, рекол извор.
Откако се ожени со Меган Маркл, британските медиуми пишуваа дека Хари отурнал некои стари пријатели. Меѓу нив биле и Гај Пели, Том и Лара Инскип. Том е пријател на Хари од детството, а нивното пријателство завршило кога тој му рекол на Хари да не се жени со Меган.
Друг пријател со кого повеќе не се дружи е Пели.
„Тоа е дел од твкото бришење на старата екипа на Хари, е дело на Меган. Не сака тој да се најде во искушение и се обидува на го навлече да се концентрира на основање на семејство“, тврдел извор, своевремено, за тогашниот Express.
Минатиот месец, друг извор раскажал дека Хари толку многу се оддалечил од нив што дури нема нивен број.