Новите 2.000 работни места во „Бехтел и Енка“ се можност која не смее да се пропушти, порача Груби

од Nikola Popovski

Новите 2.000 работни места во „Бехтел и Енка“ се можност која не смее да се пропушти, порача денеска вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој во својата објава на социјалните мрежи истакна дека Саемот за вработување на конзорциумо за изградба на Коридорот 8 и 10 д продолжи со презентации и прифаќање на апликации за вработување и во градот Скопје.

-Продолжете да аплицирате со испраќање на вашето CV на [email protected]! Од вчера (17.10.2023 – вторник) продолжува презентацијата на профилите и критериумите за вработување во Бехтел и Енка и на плоштад Скендербег, плоштад Македонија и Капитол Мол во Скопје, процес кој ќе трае до 30 октомври.

Ве поканувам сите да ги посетите овие точки на презентација, да се информирате за можностите и да аплицирате, добивајќи професионален бенефит и станувајќи директен придонесувач во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8 и 10Д, стои во објавата на Груби.

Слични содржини