Одредени брендови на цигари од денес во трговијата се продаваат поскапо за 10 денари. Со почетокот на годинава, во Македонија стапија на сила измените на Законот за акцизите, со кои цигарите постепено ќе се усогласуваат со минималната акцизна стапка на Европската Унија. Ова зголемување ќе ги опфати цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари, а се предвидува и изедначување на вкупната акциза со пондерираната просечна малопродажна цена во ЕУ. Трговците очекуваат дека до крајот на неделата и останатите марки ќе поскапат, со цел да се пресретне јануарското зголемување на акцизата и да се придонесат повеќе средства во буџетот.
Законот за акцизите, усвоен во октомври 2023 година, предвидува овие покачувања да се случуваат на 1 јануари секоја година, со што Владата очекува дополнителни 13 милиони евра годишно во државната каса.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, едно македонско семејство годишно купува во просек 119 кутии цигари, а земјоделските домаќинства купуваат повеќе, односно 153 кутии годишно.
Во Македонија цените на цигарите се зголемија двојно. Во моментов, кутија цигари чини минимум 110 денари.