Шесте еколошки автобуси кои денеска ги доби ЈСП Скопје се долги 12 метри, нископодни се и работат на компримиран природен гас. Првите две години ни се под гарантен договор и целосно одржување кое е подмирено со проектот. Резервните делови и сервисот спаѓаат под гаранција. После тоа, ние го преземаме, изјави денеска преставникот на ЈСП за примопредавањето на превозните средства кои се донација од ЕУ.
Станува збор за автобуси од турската фабрика „BMC“.
Автобусите се очекуваат за две недели најмногу да се најдат на скопските улици, рекоа од ЈСП на денешната прес-конференција по примопредавањето.
Дополнително ќе се одреди по линии ќе сообраќааат, но најверојатно ќе биде на линиите каде што има најмногу потреба.
Секој автобус е со капацитет од 98 патници (69 стоење + 29 седишта), вклучувајќи и за лицата со попреченост, со што дополнително се подобрува нивниот пристап до основните услуги и се обезбедуваат можности за пристапен јавен превоз и безбедна урбана мобилност.