Новите Huawei телефони без пристап до апликациите на Facebook

од Vlatko K
141 прегледи

Facebook веќе не дозволува пред-инсталација на своите апликации на Huawei телефони, објави
„Ројтерс“. Ова е нов удар за кинескиот технолошки гигант по забраната за купување американска
технологија, компоненти и софтвер.


Клиентите кои веќе имаат Huawei мобилни телефони ќе можат да ги користат апликациите на
Facebook и да добиваат ажурирања, велат од социјалната мрежа. Но, новите Huawei телефони нема
да имаат претходно инсталирани апликации на Facebook, WhatsApp и Instagram.

Производителите на паметни телефони често прават бизнис договори за инсталирање на
популарни апликации како Facebook. Ваквите апликации, вклучувајќи ги и Twitter и Booking.com,
исто така се претходно инсталирани на Huawei телефони на многу пазари ширум светот. Twitter и
Booking Holdings уште не коментираат за ситуацијата.

Потегот на Facebook ги намалува изгледите за продажба на Huawei, чиј бизнис на паметни
телефони стана најголем генератор на приходи за компанијата минатата година, поттикнати од
силниот раст во Европа и Азија.

Google претходно изјави дека нема да обезбеди Android софтвер за Huawei телефони по август, кога
истекува 90-дневното одложување што го воведе американската влада. Но Playstore и сите
апликации на Google ќе продолжат да бидат достапни за сегашните Huawei телефони на Huawei,
вклучувајќи ги и оние кои сè уште не се испорачани или произведени.

Забраната на Facebook сепак се однесува за секој телефон Huawei, кој уште не ја напуштил
фабриката, според извор, запознаен со темата. Facebook одбива да коментира кога оваа мерка ќе
стапи во сила