По отстранувањето на стандардниот аудио приклучок од iPhone X, 8, 8 Plus, 7 и 7 Plus, Apple додаде бесплатен адаптер на уредот, овозможувајќи им на корисниците да ги користат своите стари жичени слушалки со нивните нови телефони.

Но, ова повеќе не е случај со трите нови модели презентирани денес. На овој начин, купувачите ќе мора да се потпрат или на безжични слушалки или да се снабдат со адаптер – Apple е подготвен да продава таков за 9 долари/10 евра.
Бесплатниот додаток, исто така, ќе исчезне и од iPhone 8 комплетот, кој досега беше достапен со таков.