Новите „МАН“ еко-автобуси ќе сообраќаат низ централното градско подрачје

од Берта Китинска
623 прегледи

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје – ЈСП,  наредниот месец ќе го збогати својот возен парк со нови еколошки автобуси.

-Очекуваме испораката на автобусите да започне од месец март. Со која динамика ќе се врши испораката, во колку фази, како и која количина и тип на возила (единечни, зглобни/дупли), ќе знаеме точно во наредните неколку дена. Се прави  проценки на кои линии ќе сообраќат новите автобуси, но, извесно е дека ќе бидат пуштени на линии кои сообраќаат низ централното градско подрачје, за Локално изјавија од ЈСП.

„МАН“ еко-автобусите, ќе бидат со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак.

Б.М

Слични содржини