На денешната седница премиерот Заев и официјално им ги врачи мандатите на сите министри од новиот владин состав кој брои 19 што е за 7 министерски места помалку од претхопдниот. На свеченото доделување при врачувањето премиерот им ги честиташе министерските места со ракување но и со заштитни маски на лице.
Дел од министрите на социјалните мрежи изразија благодарност и воедно се обврзаа дека ќе го исполнат тоа што им е ветено на граѓаните во наредните четири години откако ги добија мандатите од премиерот Зоран Заев.
Чест е да се биде дел од влада во која нема простор за неефикасност и оправдувања. Членството во НАТО е печатот на првиот мандат, но и на влезницата за ЕУ во вториот. pic.twitter.com/rX76YAz3MS
— Radmila Shekerinska/Радмила Шекеринска (@Sekerinska) September 3, 2020
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2482491628724522
https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1699548496889433