Новите очила на Vivo се потпираат на љубовта помеѓу AR и 5G

од Vlatko K
121 прегледи

Кинеската компанија Vivo изгледа уверена дека интересот на потрошувачите за додадената
реалност ќе се врати благодарение на 5G.


Таа ги демонстрира своите први очила, наречени Vivo AR Glass, кои ќе ја користат брзата интернет
врска од 5G телефонот на компанијата за да обезбеди разновидни искуства, кои се
„преклопуваат“врз реалниот свет.

Уредот има два екрани за разлика од Google Glass, кој има само еден, и ја користи технологијата
6DoF (Six degrees of freedom) за позиционирање во просторот,на оној кој ги носи.

Vivo планира да ги користи очилата за широк опсег на апликации, вклучувајќи AR игри, 3D видео и
препознавање на лице и објект.

Досега, за гаџетот нема излезен датум или цена, но тој веројатно ќе дојде во исто време, кога ќе го
видиме смартфонот vivo NEX 5G, што се очекува подоцна оваа година. Самата објава беше
направена на MWC 2019 во Шангај, азиската верзија на познатиот Мобилен светски конгрес во
Барселона, кој се одржува секој февруари.