Новите „омилени“ цели на Путин: Русите го гранатираа родниот град на Зеленски (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
697 прегледи

Руски проектили утринава погодија два индустриски капацитета во централниот украински град Криви Рог, објави градоначалникот Олександр Вилкул, а напад со дронови е забележан и во Одеса.

Украинските воени претставници објавија дека Русија во текот на ноќта лансирала четири крстосувачки ракети, од кои едната била уништена од воздушната одбрана. Останатите погодија индустриски капацитети во регионот Дњепропетровск, каде што се наоѓа градот Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Според градоначалникот на Криви Рог, три ракети погодиле два индустриски комплекса „кои немаат никаква врска со војската“, при што е повреден 38-годишен маж. Исто така, еден автомобил е оштетен од делови од ракета соборена од противвоздушната одбрана.

„Штетата е значителна. Благодарност до вработените кои отидоа во засолништето по објавувањето на тревога за воздушен напад, поради што останаа неповредени… Целата важна инфраструктура, јавниот транспорт, социјалните и медицинските установи во градот работат стабилно“, напиша Вилкул на Телеграм.

Гувернерот на Днепропетровската област Сергеј Лисак објави дека спасувачите ги изгаснале пожарите во комплексите кои биле цел. Според него, во нападот биле оштетени гасоводи.

Слични содржини