Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс и нејзиниот заменик Раџ Шах планираат да заминат наскоро, објави  CBS News.

Двајцата претставници на американската претседателска администрација не ги коментираа вестите. Според телевизијата, Сандерс веќе им кажала на своите пријатели дека сака да ја напушти Белата куќа до крајот на годината .

Од почетокот на мандатот на Доналд Трамп, серија политичари и експерти ја напуштија претседателската администрација.