452
Денеска пред членовите на Советот на јавните обвинители заклетва дадоа нвоизбраните јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева.
Тие беа избрани на седницата на Советот, што се одржа на 22 април.
Советот на јавните обвинители на седницата избра и 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.