Новите правила на ФИА предвидуваат одземање поени за пцуење

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави промени во својот спортски кодекс поврзани со однесувањето на возачите надвор од патеката.

По овие промени, правилата на ФИА им дозволуваат на стјуардите да наметнуваат високи казни за возачите кои се однесуваат непристојно. А на оние кои систематски ги прекршуваат правилата им се одземаат бодови и на светското првенство.

Според новите дефиниции на ФИА, недоличното однесување се смета за „секоја употреба на јазик (било да е пишан или говорен), гестови и/или знаци кои се навредливи и веројатно ќе предизвикаат повреда или понижување“. Ова исто така вклучува инструкции за грубо однесување или поттикнување на такво однесување.

Новите упатства за казни за недолично однесување предвидуваат основна казна од 10.000 евра (40.000 за возач во Формула 1) за првиот прекршок. За втората основната казна се удвојува и опфаќа условна забрана за учество на натпревари во траење од еден месец. За третото прекршување, казната достигнува 30.000 евра (120.000 за возач во Формула 1) и вклучува и едномесечна забрана за учество плус одземање на поени од бодовите на соодветниот возач.

Слични содржини