Комисијата на ЕУ соопшти дека новиот бран руски напади врз Киев и други градови во Украина покажуваат дека Владимир Путин „не е спремен“ за ставање крај на војната.
Говорејќи на прес-конференција во Брисел, портпаролот на Комисијата за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано рече дека украинската престолнина е „масовно нападната“ од Русија.
Тој рече дека руските напади во изминатите неколку дена, кои погодија болница и станбени згради, убивајќи неколку украински цивили, покажуваат дека Русија „продолжува неселективно да ја тероризира“ Украина „на грозоморен и варварски начин“.
„Овие напади покажуваат дека Путин не е сериозен за запирање на неговата војна.“ – изјави Стано.